Центар за истражување и примена на Универзалната енергија
Филијала на Факултетот за Човекова и Универзална
Енергија од Сент Луис, Мисури, САД
 
Partner of HUE Faculty
    Human and Universal Energy (HUE) after Mr. Luong Minh Dang Human and Universal Energy
Добредојдовте во МЕЛ Македонија
На оваа страна ќе најдете општи информации за Факултетот за Човекова и Универзална енергија, вклучувајќи и краток опис на нашата автентична образовна програма наречена „Човекова и Универзална енергија“ според основачот на оваа метода, Мастер Лун Мин Данг. Исто така, на оваа страна можете да погледнете распоред на семинари кои се изучувааат во текот на годината.

Образовната програма е насочена кон истражување на врската меѓу телото, умот и душата на човекот. Примарната цел е обука на практикантот/ студентот за тоа како да ја унапреди својата ментална состојба со цел полесно да се справи со секојдневните предизвици, да се ослободи од стресот и да ја зајакне концентрацијата. Тоа им овозможува на практикатите да го зајакнат своето здравје, да го развијат својот ментален систем и да ја унапредат својата благосостојба, како и благосостојбата на своите блиски.

Методот се базира на концептот за постигнување баланс помеѓу енергетската состојба на телото и умот, што е предуслов за добро здравје и целосна благосостојба на човекот. Доколку телото прима доволно енергија која може непречено да протекува низ целото тело, без да биде блокирана, тоа има поголема можност за одржување на добро здравје.   

Едни од причините за губиток на енергијата во телото се менталниот и физичкиот стрес. Во секојдневното живеење, прекумерната работа и грижи, како и постојаниот страв можат да влијаат на текот на енергија низ телото. Овие фактори влијаат на целото тело и на умот на човекот. Па така, телото има проблеми со спиење и јадење, слабее имуниот систем, мозокот е исцрпен, што значи не може добро да се фокусира, преовладуваат емоциите, човекот носи нерационални одлуки, итн. Ако оваа состојба трае подолго време, човекот може физички или ментално да се разболи.

Според енергетскиот модел на образовната програма за „Човекова и Универзална енергија“, се што постои е пред се енергија. Затоа, преку техниката за трансфер на енергија може да се делува во насока на прочистување на енергетската блокада во заболениот дел од телото, со цел да се врати нормалниот проток на енергија во тој дел. Овој процес може да помогне за постепено враќање на енергетската рамнотежа во телото, со крајна цел комплетно опоравување на здравјето и на целокупната благосостојба на човекот.    

Во зависност од индивидуалната состојба на секој човек, како физичкот, психолошкиот и факторот на средината во која живее, примената на енергетскиот трансфер може да го зајакне имуниот систем на човекот. Преку енергетскиот трансфер се унапредува балансот меѓу телото, умот и душата, и првиот знак на подобрување на состојбата се јавува на психолошкото ниво. На тој начин, со позитивно размислување човекот ќе може подобро да се фокусира и да ја зголеми шансата за опоравување.

Едукативната програма за примена на оваа метода не е медицински третман, туку е надополнување на сите видови третмани и не содржи користење на лекови или други препарати. Оваа метода никогаш не треба да се смета за замена на вообичаената медицинска практика. Оваа техника се применува дополнително на медицината. Во поширока смисла, методата за примена на Универзалната енергија е еден вид на техника за медитиција.

Практикантот на методот за примена на Универзалната енергија треба да ги научи точните техники и да прими активирање на енергетските центри – чакри, со цел ефективно да ги применува техниките за енергетски трансфер. Тоа им овозможува на практикантите да го примат и пренесат текот на Универзалната енергија ефективно со цел да си помогнат на себе или на други луѓе.

Методот за примена на Универзалната енергија се предава за време на семинари. Образовната програма содржи 4 нивоа (Основно-, Средно-, Напредно-, Специјализирано-) со вкупно 8 образовни единици (01 – 08, или претходни нивоа од 1 до 20). Веднаш по завршување на Основното ниво практикантот може да ги примени техниките во секојдневниот живот, во фамилијата и во работата.

Официјално авторизираните партнери/ инструктори се обучени и лиценцирани од Факултетот за Човекова и Универзална енергија или од еден од неговите партнери и ја предаваат автентичната програма за време на семинарите. Инструкторите ја предаваат едукативната програма за „Човекова и Универзална енергија“ како самостојни инструктори со регистрациски број. Секој инструктор е самиот одговорен за содржините кои ги предава на семинарите. Во листата на партнери се наведени легитимните партнери на Факултетот за Човекова и Универзална енергија.

Ве молиме имајте во предвид дека овој факултет ги предава оргиналните образовни програми, на начин на кој ги предаваше основачот на методата за примена на Универзалната енергија, Мастер Лунг Мин Данг (1942 - 2007), преку заштитените трговски марки „Човекова и Универзална енегија“ ("Human and Universal Energy®)  и Човекова и Универзална енергија според Мастер Лунг Мин Данг ("Human and Universal Energy (HUE) after Mr. Luong Minh Dang®").
 
ВНИМАВАЈТЕ ЗАБУНА!

Факултетот за Човекова и Универзална енергија истакнува дека постојат веб страни и електронски пораки кои со нивната содржина и/или изглед може да предизвикаат конфузија во однос на нашата автентична образовна програма. Затоа истакнуваме дека во случај програмата да не ја овозможува Факултетот за Човекова и Универзална енергија или авторизираните парнери/ инструктори на овој факултет, не станува збор за автентична образовна програма. Такви веб страни или електронски пораки не потекнуваат од  Факултетот за Човекова и Универзална енергија, ниту од неговите легитимни партнери. Факултетот за Човекова и Универзална енергија по ниту еден основ не е поврзан со операторот на овие веб страни или со испраќачот на електронските пораки. Факултетот за Човекова и Универзална енергија се оградува од операторите на веб страни, кои имаат слична содржина со нашата веб страна и може да предизвикаат забуна кај читателот. Операторите на овие страни на ниту еден начин не се поврзани или авторизирани од нас.
 
Ве молиме следете го овој линк за подетални правни информации.
 

 
 
Локални новости
Нов распоред за енергетскиот трансфер во недела
 
Komemoracija za Master Dang
12ti avgust, 2016 vo 5 casot
 
Промена во датумот за Ниво 16 - 18
Март 18 - 20
 
УЕ Весник бр. 5, Декември 2015
 
Искуства за УЕ Весник
Издание за 2015
 
Новости од светот
Известување за вториот меѓународен УЕ собир во Мексико
 
Ниво 20 во Холандија (22-25 мај, 2015)
Инструктори: Ву Тран и Лунг Мин Трунг
 
ОСНОВНО НИВО НА АНЛИСКИ ПРЕКУ ВИДЕО ЛИНК
09 ноември, 2014
 
Интернационални настани за Човекова и универзална енергија